• ​
    Онлајн пријава на штетa
  • ​
    Локации
  • ​
    ​Контакт
  • ​   MojaCroatia
  •  WebShop
Crosig
  • Почетна
  • Возила
    • Автоодговорност
    • Каско
    • Зелен Картон
    • Онлајн пријава на штета
  • Имот
    • Домаќинско осигурување
    • Пожар и други опасности
    • Осигурување од земјотрес
    • Техничка Опрема
  • Лица
    • Приватно Здравствено
    • Осигурување Кредити
    • ПЗУ партнери
    • Незгода
    • Патничко осигурување
    • Одговорност на работодавецот
    • Осигурување од одговорност
    • Осигурување на живот
    • Контакт Центар
  • Останато
    • Онлајн пријава на штета
    • Упатство за пријава на штети
    • Овластени сервиси
    • Кроација советува
    • Општи и посебни услови
    • Електронски услуги
    • Банкарски сметки
    • Регистри
    • Совети за возачи
    • Често поставувани прашања
    • Како да се подобриме?
  • За нас
    • Нашата мисија и визија
    • Одбор на директори
    • ISO Сертификат
    • Антикорупција и Измами
    • Финансиски Извештаи
    • Општествена Одговорност
    • Политика за приватност
    • Права на субјектите
    • Задоволни од Кроација?
    • Кариера
    • Локации
    • Најави се - CRONET
Crosig
    • Почетна
    • Возила
      • Автоодговорност
      • Каско
      • Зелен Картон
      • Онлајн пријава на штета
    • Имот
      • Домаќинско осигурување
      • Пожар и други опасности
      • Осигурување од земјотрес
      • Техничка Опрема
    • Лица
      • Приватно Здравствено
      • Осигурување Кредити
      • ПЗУ партнери
      • Незгода
      • Патничко осигурување
      • Одговорност на работодавецот
      • Осигурување од одговорност
      • Осигурување на живот
      • Контакт Центар
    • Останато
      • Онлајн пријава на штета
      • Упатство за пријава на штети
      • Овластени сервиси
      • Кроација советува
      • Општи и посебни услови
      • Електронски услуги
      • Банкарски сметки
      • Регистри
      • Совети за возачи
      • Често поставувани прашања
      • Како да се подобриме?
    • За нас
      • Нашата мисија и визија
      • Одбор на директори
      • ISO Сертификат
      • Антикорупција и Измами
      • Финансиски Извештаи
      • Општествена Одговорност
      • Политика за приватност
      • Права на субјектите
      • Задоволни од Кроација?
      • Кариера
      • Локации
      • Најави се - CRONET
  • ​
    Онлајн пријава на штетa
  • ​
    Локации
  • ​
    ​Контакт
  • ​   MojaCroatia
  •  WebShop
Штети

Како да пријавам штета?

Каде да се обратам?

Кои документи ми се потребни?

Нашиот тим со задоволство ќе Ви помогне при пополнувањето на формуларите и прибирањето на документацијата, сè до моментот на исплата на штетата. Стручните лица на Кроација Осигурување се тука за Вашите прашања, совети и недоумици во врска со која било настаната штета. Сите прашања можете да ги упатите на steti@crosig.mk.

Патничко осигурување

Како и каде да пријавите штета од патничко осигурување

Како корисници на полиса за патничко осигурување, доколку Ви се случи немил настан и имате потреба од помош при патување, итна медицинска помош, предвремено враќање, репатријација и слично, каде и да сте, во рок од 24 часа задолжително јавете се на единствениот број:

+381 11 3636905 CORIS ASSISTANCE

QR код за бесплатен интернет повик:

За сите останати случаи, пријавата ја правите по враќањето дома.

При повикот, неопходно е да ги споделите следниве информации:

  • име и презиме;
  • број на полисата за осигурување;
  • што Ви се случило и каде;
  • податоци за контакт.

За штетите што не се опфатени со асистенцијата на CORIS Assistance, а се покриени со оваа полиса, веднаш по враќањето контактирајте нè на:

Тел.: +389 2 3251 136, +389 2 3251 177 (во работно време)

Е-пошта: sos@crosig.mk, corismk@coris.rs

По враќањето дома, по можност веднаш, пополнете ја пријавата за настанатата штета.

📄 Пријава за штета, патничко осигурување

Несреќен случај

Во случај на штета, осигуреникот треба да ги преземе сите мерки за да ги ограничи штетните последици и да се придржува до упатствата на осигурителот.

Доколку несреќниот случај има за последица повреда на осигуреното лице, тоа задолжително треба да го направи следново:

  • Да се јави на лекар, односно да повика лекар за преглед и потребна помош, да ги преземе сите потребни мерки за лекување и да се придржува до советите и упатствата на лекарот.
  • Писмено да ја извести најблиската филијала на Кроација Осигурување - Неживот во рок од 3 дена, односно штом здравствената состојба му го овозможи тоа.
  • Доколку несреќниот случај има за последица смрт, корисникот на осигурувањето или член на потесното семејство е должен писмено да ја извести најблиската филијала на Кроација Осигурување во рок од 3 дена, односно штом е можно.

Како и каде да пријавите штета од осигурување на лица од последица на несреќен случај

  • Штетата можете да ја пријавите во филијалите на Кроација Осигурување - Неживот или по пошта. Пријавата за штета треба да се пополни со сите задолжителни податоци, својрачно да се потпише и, заедно со дополнителната документација, да се достави во најблиската филијала.

📄 Пријава за штета, несреќен случај (незгода)

Здравствено осигурување

Стандардна документација за пријава на штета

  • Пријава за штета од осигуреникот или известување по електронски пат (е-пошта)
  • Број на полисата
  • Целокупна медицинска документација за извршениот преглед (медицински извештај, фактура, фискална сметка)
  • Друга неопходна документација
  • Трансакциска сметка и копија од лична карта
  • Согласност за обработка на лични податоци од оштетениот, доколку штетата се пријавува лично во просториите на Друштвото

📄 Пријава за штета, приватно здравствено осигурување

Осигурување на кредити

Основна документација

  • лична карта на осигуреникот (копија)
  • полиса (оригинал)
  • договор за кредит (оригинал и заверена копија)
  • план за отплата на кредитот, важечки на денот на настанување на осигурениот случај (оригинал или заверена копија)

📄 Пријава за штета, осигурување на кредити (CPI)

Сообраќајна несреќа

По сообраќајната несреќа

Во случај на помала материјална штета, сообраќајната полиција вообичаено не врши увид. Затоа, пред да ги отстраните возилата од патот за да овозможите непречен сообраќај, препорачуваме да ги фотографирате положбата на возилата и местото на несреќата, од поголемо и од блиско растојание, трагите од кочење, паднатите и скршените делови на патот и оштетувањата на возилата.

Откако ќе ги отстраните возилата, двајцата учесници во несреќата треба правилно да го пополнат и потпишат Европскиот записник за несреќа или на друг начин да разменат податоци за учесниците и за возилата. Со пополнување на Европскиот записник не признавате вина. Тој служи исклучиво за собирање информации за несреќата. Возачите не смеат да го напуштат местото на несреќата сè додека не го пополнат Европскиот записник. По потреба, несреќата може дополнително да се опише на посебен лист хартија.

Сообраќајната полиција задолжително се повикува во следниве случаи

  • загуба на живот или повреда на кој било од учесниците во несреќата (во тој случај јавете се и на итна медицинска помош)
  • голема материјална штета или кога едно од возилата не може да се движи
  • не е јасно чија е вината
  • судир со неосигурено возило
  • судир со возило со странски регистарски таблички
  • возачот на некое од возилата е под дејство на алкохол
  • возење без возачка дозвола

Оштетувањето на возилото не смее да се менува сè до поднесувањето на пријавата за штета и доаѓањето на претставник од осигурителната компанија за проценка на штетата.

За сите прашања или коментари, обратете се до нашиот стручен тим на steti@crosig.mk.

📄 Пријава за штета, автомобилска одговорност (АО)

📄 Пријава за штета, каско

📄 Пријава за штета, транспорт

Штета на имот

Што да направите кога ќе настане штета?

Кога ќе настане штетен случај, неопходно е да се преземат сите мерки за ограничување на штетните последици и да се следат упатствата на осигурителот, за да се спречат дополнителни оштетувања.

Осигурителната компанија треба да се извести за случајот усмено или телефонски, а пријавата писмено да се потврди најдоцна во рок од 3 дена.

Во сите случаи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба или сообраќајна несреќа, настанот треба да се пријави во Министерството за внатрешни работи, со наведување кои работи се уништени, оштетени или исчезнати.

Веднаш по настанот, доколку е можно и условите дозволуваат, направете попис на уништените, односно оштетените работи и нивната приближна вредност.

До доаѓањето на претставник од осигурителната компанија на местото на настанот, состојбата на оштетените, односно уништените работи не треба да се менува, освен ако тоа е потребно за спречување поголема штета или за нормален тек на работата. Во тој случај, осигуреникот е должен да го извести осигурителот телефонски или на друг начин. Ако се пристапи кон поправка, задолжително зачувајте ги заменетите делови за потребите на увидот.

Осигуреникот е должен, независно од рокот во кој е поднесена пријавата, да ги достави сите податоци и докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата. Осигурителот може да побара и други дополнителни докази, ако тоа е потребно и оправдано.

Како и каде да пријавите штета на имот?

Штетата можете да ја пријавите лично во просториите на Кроација Осигурување - Неживот или по пошта. Образецот за пријава на штета треба да се пополни со сите барани податоци, својрачно да се потпише и, заедно со документацијата што ја поседувате, да се достави до најблиската филијала на Кроација Осигурување - Неживот.

Штетата може да се пријави и телефонски, но потребно е што побрзо, а најдоцна во рок од 3 дена, писмено да се потврди на пропишаниот образец.

За сите прашања или коментари, обратете се до нашиот стручен тим на steti@crosig.mk.

📄 Пријава за штета, провална кражба и разбојништво

📄 Пријава за штета, домаќинско осигурување

📄 Пријава за штета, одговорност од дејност

📄 Пријава за штета, крш машини

📄 Пријава за штета, кршење стакло

📄 Пријава за штета, пожар и други опасности

Кроација Осигурување – Друштво за неживотно осигурување

Веќе 140 години, ги чуваме вредностите кои нашите луѓе ги создаваат. Со модерните деловни решенија создаваме темели за сигурна иднина, и на тој начин ја обезбедуваме нашата лидерска позиција.

Кроација осигурување/неживот
Ул. Железничка бр.41 Скопје, Република Северна Македонија

  • Контакт центар: 15599
  • contact@crosig.mk
  • Каде се наоѓаме?
  • 24/7 поддршка 070289989
Follow us
​Едно е сигурно, Кроација Осигурување!

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) за подобрување на вашето искуство. Ако продолжите да ја користите истата, Вие се согласувате со тоа „Политика за колачиња“

Ги прифаќам сите колачиња