Осигурување од незгода

Осигурување од незгода

Осигурувањето на лица од последици од несреќен случај е доброволно осигурување. Ве штити при извршување на редовните работни задачи и надвор од работа, како и при посебни активности при кои може да настане несреќен случај.

Осигурувањето може да биде:

  • колективно
  • индивидуално

Што добивате со полисата

Полисата ја прилагодуваме на Вашите потреби, професија и слободни активности.

  • покритие 24 часа дневно, без територијално ограничување (училиште, дом, канцеларија)
  • времетраење по избор, од еден ден до една година
  • едноставна обнова на полисата
  • можност за осигурување на патници во јавниот превоз

Склучувањето на полисата е брзо и едноставно.

Кој може да биде осигуран?

Осигуреник, по правило, може да биде физичко лице на возраст од 14 до 70 години. Лица помлади од 14 или постари од 70 години можат да бидат осигурани според дополнителните или посебните услови.

Осигурувањето може да го склучи секое физичко или правно лице што има деловна способност и интерес за овој вид осигурување.


Кои ризици може да се договорат?

  • смрт поради несреќен случај
  • траен инвалидитет поради несреќен случај
  • дневен надомест
  • трошоци за лекување поради несреќен случај

Ризиците смрт и траен инвалидитет се задолжителни, а останатите се по избор.