Соработник за контролинг

Скопје
--Скопје--

Бараме Соработник за контролинг кој ќе биде дел од стабилна, модерна и поддржувачка средина – место каде што трудот и знаењето се ценат, а развојот е заедничка цел.  


Што ќе бидат вашите главни задачи:

• Изработка на финансиски и оперативни извештаи за менаџментот

• Следење и анализа на буџетот, приходите, трошоците и клучните KPI индикатори

• Анализа на резултатите по бизнис сегменти, канали и организациски единици

• Учество во годишното планирање и во процесите за автоматизација на контролингот

 

Што ни е важно да поседувате:

• Високо образование во областа на економијата, финансиите или сметководството

• Минимум 3 години искуство во контролинг, финансии или ревизија

• Напредно познавање на MS Excel и способност за работа со големи бази на податоци

• Развиено аналитичко размислување и одлично познавање на англиски јазик

Предност ќе имаат кандидатите со искуство во финансискиот/осигурителниот сектор, познавање на Power BI или IFRS стандарди.

 

Што нудиме ние:

• Работа во реномирана осигурителна компанија

• Можност за постојан професионален развој и усовршување

• Пријатна, тимска атмосфера каде што секој придонес се вреднува

• Конкурентни услови за работа согласно квалификациите и искуството на кандидатот

Ако си мотивиран/а, посветен/а и имаш желба за континуиран раст – ова е вистинската можност за тебе!